Нов рекорд на индексот S&P 500 на Волстрит

70

На Волстрит во понеделникот, индексот S&P 500 достигна ново највисоко ниво, како и Nasdaq, благодарение на зголемените цени на акциите на технолошките компании, откако претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел рече дека нема да брза да ја заостри монетарната политика.

Dow Jones падна 55 поени, или 0,16 отсто, на 35.399 поени, додека S&P 500 порасна за 0,43 отсто, на 4.528 поени, а индексот Nasdaq 0,90 отсто, на 15.265 поени.

Новите рекорди на индексот S&P 500 и Nasdaq во голема мера се должат на зголемените цени на акциите на големите технолошки компании.

Цената на акцијата на Apple скокна за 3 проценти и достигна рекордно високо ниво, додека акциите на Microsoft, Amazon.com и Alphabet пораснаа помеѓу 0,4 и 2 проценти.

Така, индексот S&P 500 и Nasdaq достигнаа рекордни нивоа втор ден по ред, откако беа поттикнати од коментарите на претседателот на ФЕД во петокот, кои заклучија дека тие нема да брзаат да ја заострат монетарната политика.

Пауел рече дека ФЕД ќе биде внимателен во намалувањето на стимулациите и дека ќе продолжи стабилното закрепнување на економијата.

И тоа значи дека Резервите ќе продолжат да печатат пари уште некое време, и дури потоа ќе ги зголеми основните каматни стапки.