Фото: Christie’s
Аукциската куќа Christie’s со седиште во Њујорк, постави нов продажен рекорд. Portrait of an Artist (Pool with Two Figures) дело од британскиот уметник Дејвид Хокни, е продадена за рекордни 90,3 милиони долари, што е досега најголема сума за дело на жив уметник.
Ремек делото на Хокни е од 1972 година и ги спојува двата најпознати мотиви од уметникот – базенот и двојниот портрет.
Првичната понудена цена беше 18 милиони долари, а по 10-минутна битка помеѓу двајца наддавачи преку телефон, се постави нов рекорд за продадено уметничко дело. Претходниот рекорд го држеше американскиот уметник Џеф Кунс чиешто дело беше продадено за 58 милиони долари во 2013 година.
Дејвид Хокни, кој денес има 81 година, работел на “портретот“ 18 часа дневно, цели две недели. Ја завршил сликата ноќта пред истата да биде транспортирана во САД.