Нов, шести авион во флотата на Montenegro Airlines

18

Фото:Pixabay

Флотата на црногорскиот национален превозник Montenegro Airlines се прошири со нов авион, шести по ред, објави biznisinfo.ba.

Станува збор за Boing B 737-500 којшто компанијата го изнајми од AirX Charter од Малта. Авионот има капацитет за 126 патници, а во првично ќе се користи за летовите од Подгорица и Тиват до Белград.

Покрај овој авион, црногорскиот авиопревозник поседува и три сопствени Embraer E-195 и два Fokker F-100.