Нов таблет процесор од Интел следната година

36

intel-tablet-2013Идните процесори од Интел чија таргет група се следната генерација таблети би требало да се појават во 2014, пишува тајванскиот весник Digitimes.

Процесорите Cherry Trail и Willow Trail за таблети ќе пристигнат во втората половина на следната година, со тоа што првите пратки на процесорот Cherry Trail до клиентите се очекува да се испорачаат кон крајот на 2013, вели Digitimes.

Ова не е прв пат да се појави Cherry Trail како име на код. Минатата година истото беше споменато во извештаите на компанијата.

На годишната конференција на Интел која ќе се одржи на 10 септември, компанијата треба да ја презентира својата Silvermont архитектура за таблети и паметни телефони. Таблетите кои што ќе ги користат овие чипови ќе се појават пред крајот на 2013.

Тие таблети ќе подржуваат Windows 8.1 и Android 4.2, се вели во извештајот.

Новата платформа на Интел за паметни телефони, наречена Merrifield, исто така се очекува да се појави кон крајот на оваа или почетокот на наредната година.