Нов тренд на пазарот на недвижнини – Кој купува бункери

158

Продажбата на бункери што ги штитат луѓето од катастрофални настани драстично порасна во последните месеци. Барем така тврди Рон Хабард, сопственик на тексашката компанија Atlas Survival Shalters, која им помага на своите клиенти да изградат ваков вид заштита од катаклизмични настани. Тој им рече на новинарите на Бизнис инсајдер дека оваа деловна година е најдобра во изминатата деценија, односно дека неговиот телефон sвони деноноќно, бидејќи сè повеќе луѓе бараат бункери каде што би можеле да се засолнат во случај да дојде крај на светот.

Крајот на светот е добар за бизнис

Цените на овие конструкции се движат од 50.000 долари до пет милиони долари, во зависност од големината и квалитетот на материјалот. Во прашање се, покрај градежните материјали, голем број други функционалности. Имено, сите бункери имаат филтри за воздух во случај на напади со нуклеарно, биолошко или хемиско оружје, тушеви за деконтаминација, сопствено напојување итн.

Кој купува бункери?

Меѓу заинтересираните за засолништа има различни луѓе, вели Хабард и додава: “Преку разговор со нив, создадов слика за просечниот корисник на нашите услуги. Тоа се луѓе кои се многу внимателни, инсистираат да имаат контрола над својата иднина и имаат неколку сценарија за тоа . Тие се претежно богати луѓе, почнувајќи од директори на компании, преку милијардери, па сè до познати личности.