Нов тренд во Словенија и Хрватска: Пекарници за кучиња

32

hov hov natpis

Првата специјализирана пекарница за кучиња Hov-Hov беше отворена во Словенија, а неодамна се отвори и во Хрватска. Идејата за овој бизнис е на младата Словенка Настја Вердник. Со печење на колачиња за кучиња започнала поради алергиите на своите домашни миленичиња, а по големиот интерес на пријателите, но и на другите луѓе, идејата наскоро се покажала исплатлива. Сега вакви пекарници има во Марибор, Љубљана, Копер и Загреб, пишува Пословни дневник.

hov hov

Пекарниците Hov-Hov за домашните миленичиња нудат кучешки колачиња, рачно изработени и печени на традиционален начин, торти и пишкоти. Сите состојки се еколошки, со сертификат Био, без адитиви и конзерванси, лесно се варливи, со малку калории и можат да ги јадат сите раси на кучиња. Производите не предизвикуваат алергии, а тортите се без брашно и јајца. Има и месни колачиња, веретаријански, рибји, диетални (без глутен), со нане против лош здив, како и кекси во различни големини, и за мали и за големи кучиња.

hov hov 1