
Францускиот производител на автоделови Valeo сака да затвори дел од својата фабрика во германскиот град Бад Нојштад во јули следната година.
Германскиот металски синдикат наведува дека околу 300 производни работници ќе останат без работа, додека околу 200 работни места во истражување и развој ќе бидат задржани од компанијата.
Оваа вест е шок за сите нас“, соопштија од работничкиот совет.
Синдикатот наведува дека затворањето на фабриката е сериозен удар за индустријата во Баварија.
Компанијата сака во иднина производството на електромотори да го пресели на поевтина локација“, велат од синдикатот.
Локалните медиуми, повикувајќи се на извори од компанијата, јавуваат дека во иднина производството ќе се одвива во фабрика во Полска.
Синдикатот не ја прифаќа одлуката
Синдикатот соопшти дека не сака да ја прифати одлуката на компанијата за затворање на фабриката.
„Засега не знаеме никакви детали, сепак, ќе направиме се што можеме да им помогнеме на вработените во оваа тешка ситуација“, велат од синдикатот.











