Нов уред за следење дигитална ТВ без ресивер од ОНЕ

1076

ebb82f65-64e0-4eb1-8c8d-f743ed2d56c8Во сите продажни места на ОНЕ од денес е достапен нов уред за следење на дигитални програми, таканарачениот Module CAM NP4, соопштуваат од компанијата.

Се работи за уред во кој се вметнува картичка која се приклучува директно на телевизорот и овозможува следење на дигитална телевизија без ресивер.

За да може да се користи CAM Module потребно е да се има соодветен ТВ приемник, односно телевизор кој има вграден дигитален терестријален приемник/тјунер (DVB-Т tuner кој подржува mpeg4) и CI (common interface) или CI+ интерфејс – приклучок.

Производот ќе се издава во BOOM TV постпејд на истиот принцип на кој се издава и дигиталниот приемник Sagem BOOM TV. Истиот е достапен и за замена на опрема по цена од 500 денари пред истек на договор или бесплатно со обнова на договор.

Во соопштениот на ОНЕ се вели дека Module CAM NP4  е со мали димензии, лесен, практичен и лесно пренослив, а бидејќи не се потребни дополнителни кабли, со новиот уред корисниците на BOOM TV ќе можат да ги следат програмите со уште подобар квалитет на сликата.