Нов вид на банани што би можеле да спасат илјадници детски животи

46

banani-pixabay

Научници од Австралија создадоа банани, со златно – портокалова боја, богати со провитамин А што може да спаси илјадници детски животи, пишува Newsweek.

Овој вид на банани е создаден со преземање на гени од посебни банани коишто потекнуваат од Папуа Нова Гвинеја, а коишто се богати со овој провитамин. Научниците успеале да ги искомбинираат овие гени со оние на една од најраспространетите банани (Cavendish).

Витаминот А е од витално значење за раст и развој на децата, за зајакнување на нивниот имунолошки систем како и кај видот.