Нов водоотпорен смартфон од Sony

46

Компанијата Sony лансираше нов водоотпорен андроид смартфон. Телефонот Xperia Z Ultra може да се користи под вода до длабочина од 1,5 метар.

article-0-1A807B66000005DC-161_634x456

Неговата напредна технологија им овозможува на корисниците да сликаат и да снимаат HD видео под вода.

Од Sony велат дека новиот телефон со 6.4 инчниот екран го има најголемиот дисплеј и истовремено е и најтенкиот смартфон на пазарот.

article-2348322-1A807D0A000005DC-201_634x488

Телефонот, меѓу другото вклучува и Qualcomm Snapdragon 800 процесор, за којшто од Sony тврдат дека е најбрзиот процесор во светот.

Специјалниот вграден софтвер во екранот на Xperia Z Ultra кој што може да препознава ракопис овозможува на истиот да се пишува со молив или stylus (пенкалце за покажување).