Нов Зеланд ќе овозможи исплата на плата во крипто валути

61

Нов Зеланд е прва земја во светот што овозможува исплата на плата во крипто валути, пишува Financial Times.

Даночните власти во земјата донесоа одлука според којашто од први септември платите може да се исплаќаат во крипто валута, доколку таа виртуелна валута се врзува со најмалку една стандардна валута.

Избраната крипто валута може да биде директно конвертирана во некој стандарден облик за плаќање.

Овој потег е чекор подалеку кога станува збор за воведување на дигиталните валути во вообичаениот систем на плаќање.