Нов Зеланд најголем извозник на киви во светот

77

Нов Зеланд минатата година од извоз на киви успеа да заработи 1,5 милијарди долари, со што е најголем извозник на ова овошје во светски рамки, покажува анализата на World’s top exports.

Меѓу топ 10 најголеми извозници на ова “зелено“ овошје се и: Италија (518 милиони долари), Белгија (300 милиони долари), Чиле (205 милиони долари) и Грција (145 милиони долари).

Од земјите во регионот, освен Грција, најмногу киви извезувала Словенија (два милиони долари). Македонија е 40-та во светски рамки со извоз на ова овошје во вредност од 237.000 долари. Зад нас се: Бугарија (203.000 долари), Босна и Херцеговина (62.000 долари), Хрватска (48.000 долари), Србија (26.000 долари) и Албанија (10.000 долари).

Фото: Pixabay