Нов Зеланд повторно го “надмудри“ коронавирусот

131

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека жителите на нејзината земја го “повторно го победија вирусот“.

Најголемиот дел од земјата, што има 4,8 милиони жители, е на најниско ниво што покажува дека вирусот е под контрола, а се очекува главниот град Окланд да се префрли од второ на прво ниво до средината на оваа недела, пренесува Forbes.

Во Нов Зеланд се регистрирани 1.855 заразени, а 25 смртни случаи.

Сето ова покажува дека Нов Зеланд добро се справи со вториот бран од коронавирусот, којшто сега е актуелен во многу земји во светот, а е карактеристичен по големиот број на заразени.

Се верува дека една од причините поради кои земји како Нов Зеланд добро се справија со пандемијата е тоа што рано воведоа карантин, тестирање и јасно комуникација на лидерите.

Премиерката на Нов Зеланд, што го доби прекарот “челичната лејди“ иницираше ригорозни мерки за време на првиот бран од пандемијата, за коишто доби силна поддршка од сите чинители во општеството и од самите граѓани.

Фото: Facebook