Нова бенефиција за MaxTV корисниците со приклучок на оптика

172

max tvМакедонски Телеком објави нова бенефиција за корисниците на MaxTV кои имаат приклучок на оптика. Отсега ќе имаат можност да користат дури пет медиа приемници и на секој од нив да поврзат посебен телевизор. Истовремено може да се гледаат различни ТВ канали на четири од поврзаните телевизори.

Месечниот надомест за секој дополнителен медиа приемник е 139 денари со ДДВ. За да ја користат новата бенефиција, корисниците треба да се јават на 122 или да се обратат во најблиската Телеком продавница.

MaxTV корисниците кои се со приклучок на бакарна мрежа, се уште ќе можат да приклучат најмногу два медиа приемници.

Повеќе информации за Optic пакетите на www.t-home.mk