НОВА година

20

notes

Фото: Pixabay

Почнувајќи од 24:00 ч на 31.12.2015, преку цел jануари, сите ќе си посакуваме убавини, здравје, среќа и сите ќе си викаме „ајде среќна Нова година“! Но, кога ќе се навратиме наназад во годините и ќе анализираме што се случило различно годината, во споредба со минатата, некако ретко се поклопува со вистинското значење на концептот на „Нова“ година. Сè си е по старо. Повторно се нервираме за истите работи, ги правиме истите грешки, повторно се вовлекувме во нашите конфорни зони и матрици на работење и на живеење.

Затоа, оваа година си реков, ќе си посакам, првично сам на себе, вистински да ми биде НОВА, годината. Да почнам да правам нешто што е добро за мене, а свесно или несвесно го потиснувам и го одложувам. Нова, од аспект на менување на некои мои негативни навики или работи што ме уназадуваат.

Единствено, ако работиме на себеси и на својата лична и професионална надградба и ако ни е тешко додека работиме на себе (знаејќи дека тое е добро за нас), може да очекуваме Новата година, навистина да биде „нова“. Само така ќе го почувствуваме благодатот и вистински ќе почувствуваме што значи тоа кога некој ќе ни каже „Среќна Нова година“.

„СИТЕ РАЗМИСЛУВААТ ДА ГО ПРОМЕНАТ СВЕТОТ,
НО НИКОЈ НЕ РАЗМИСЛУВА ДА СЕ ПРОМЕНИ САМИОТ СЕБЕСИ”
Лев Н. Толстој

Од име на целиот тим на Македонија-Експорт, ви посакуваме да најдете сила и мотив, оваа Нова година да ги направите промените што знаете одамна дека сакате да ги направите и навистина да ви биде „НОВА ГОДИНА“.

Со успех во промените,
Среќни празници.