Нова група студенти дел од програмата за практиканти на Окта

50

novi-9-praktikanti_1

Нови група студенти станаа дел од програмата за практиканти на Окта, стои во соопштението.

Програмата ќе трае три месеци, период во којшто студентите ќе бидат континуирано присутни во работниот процес на Окта, со полно работно време и под надзор на ментор.

Компанијата веќе неколку години ја спроведува програмата за практиканти со цел да им помогне на младите студенти да се подготват за својата понатамошна професионална кариера, а со тоа да станат конкурентни на пазарот на трудот.

Кандидатите, кои се завршна година од додипломските студии или студенти од магистерски студии, доаѓаат од седум факултети кои се блиски до оперативните процеси и дејноста на компанијата. Дел од оваа соработка се повеќе факултети меѓу кои: Економски, Правен, Електротехнички, Технолошки, Природно математички во отсекот хемија, Градежен и Машински факултет од Универзитетот Свети Кирил и Методиј.