На повидок се нови потенцијални проблеми за Илон Маск и Тесла. Откако неодамна мораа да повлечат 54.000 возила, сега се соочуваат со уште една истрага што може да резултира со ново повлекување возила.
Истрагата ја покрена американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) откако доби 354 поплаки од возачи за т.н. “фантомско кочење“ на автомобилот, односно неочекувано и непотребно активирање на сопирачката при активираниот асистент за возење.
Имено, во некои случаи кога состојбата на патот била нормална, односно немало проблеми, метеж, сообраќајни знаци или потенцијално опасни ситуации, возилата на Тесла во кои бил активиран автопилотот понекогаш сами сопирале, без интервенција на возачот.