Нова колекција модни додатоци на Лагерфелд во мачка-стил

23

Choupette-collection-Karl-Lagerfeld-600x529
Познатиот моден креатор Карл Лагерфелд користејќи ја својата персиска мачка Чупет како инспирација, создаде нова колекција на модни додатоци за претстојната празнична сезона.

Дизајнерот ја доби Чупет на подарок, од еден модел од Шанел и оттогаш мачката стана навистина важна фигура во животот на Лагерфелд.

Karl-Lagerfeld-Choupette-Embrace

Персиската мачка е толку разгалена што има и свои слугинки и профил на Твитер.

Па така, во чест на Чупет дизајнерот креиреше нова колекција за својот Карл Лагерфелд бренд, која ќе биде достапна во истоимените продавници од 12 ноември.

Choupette-iPad-cover-Karl-Lagerfeld-600x630

Колекцијата вклучува футроли за iPhone и iPad, шалови, чанти и ракавици без прсти, сите во познатиот црно бел стил на Лагерфелд. Цените се движат од 45 евра за волнена капа во стил на мачка, до 340 евра за кожна чанта.

Fingerless-Karl-Lagerfeld-gloves-600x600

Брендот на познатиот дизајнер за Шанел и Фенди има свои бутици во Париз, Берлин, Минхен, Амстердам, Пекинг и Шангај.