Нова летна понуда на ОНЕ во при-пејд

30

427badc4-2860-4f67-aced-372b8976c041ОНЕ од денес воведува нов неделен пакет во при-пејд за 79 денари неделно со вклучени минути за разговори кон сите мрежи во Македонија.

Телекомуникацискиот оператор, со овој пакет, на корисниците на Мобиле при-пејд и ЏаБест им овозможува да зборуваат 60 минути кон сите мобилни и фиксни мрежи во Македонија.

Во ЏаБест понудата за истата претплата од 79 денари, корисниците кои ќе го активираат пакетот ќе добијат 1000 минути и 1000 смс пораки кон ОНЕ и 1000 мегабајти интернет сообраќај, а новите ЏаБест корисници ќе добијат и еднократна бесплатна активација на неделниот пакет.

Корисниците кои ќе го активираат неделниот пакет за 79 денари во Мобиле при-пејд, добиваат наместо досегашните 500 минути, неограничени разговори во мрежата на ОНЕ.