На списокот чиј редослед го проценува влијанието на една земја врз основа на перцепциите на испитаниците, САД, Кина и Русија остануваат најмоќните земји во светот во 2023 година, според овогодинешното рангирање на глобалната моќ објавено од US News & World Report.
Истражувањето, кое е дел од студијата „Најдобри земји“, анкетирало 17.000 луѓе за нивните ставови за околу 87 различни нации.
Рангирањето го оценува влијанието на една земја врз основа на перцепциите на испитаниците за факторите како што се политичката, економската и воената моќ.
Ова се 10-те најмоќни земји во светот:
10. Обединети Арапски Емирати – Брза трансформација на економијата благодарение на нафтата.
9. Саудиска Арабија – најголемиот снабдувач на нафта во светот.
8. Јапонија – технички напредна нација со трета по големина економија во светот.
7. Франција – Силна економија со голем туризам и извоз на оружје.
6. Јужна Кореја – Силната војска и извозот ја прават една од најсилните економии.
5. Обединетото Кралство – Големо влијание поради минатото и високо развиена економија.
4. Германија – Најнаселена во ЕУ со голема економија, но се соочува со проблемот на стареење на населението.
3. Русија – трета најсилна нација, и покрај изолацијата и тешкотиите во Украина.
2. Кина – втора светска економија со брз раст, но и со проблеми како што е загадувањето.
1. САД – Најголемата светска економија со технолошки примат, но со внатрешни предизвици, пренесува Пословни.хр.
Фото: Pixabay