Нова локација на експозитура на Охридска банка

34

Охридска банка Сосиете Женерал ги известува своите корисници дека експозитурата на банката во Прилеп,
почнувајќи од 16.04.2018 (понеделник) се сели на нова локација, односно на ул. Јошка Јорданоски бр.2.

Постојната експозитура на ул. Маршал Тито бб, ќе биде отворена за клиенти до 13.04.2018 (петок), до 13.00 часот. На 14.04.2018 (сабота), експозитурата нема да работи.

Банката ги потсетува корисниците дека дополнително на располагање ги имаат мрежата на банкомати, OBSGN@t и ПОС-терминалите на Банката.