Нова одлука на РКЕ: Дизелот од полноќ поскапува

162

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2022 година и со
тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,814 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 92,00 ден/лит, додека малопродажната цена
на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 88,50 ден/лит.