
Компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ ја намали својата сопственичка позиција во фармацевтската компанија Реплек АД Скопје, покажува известувањето објавено на Македонската берза.
Според ценовно чувствителната информација објавена од Реплек, НАСТЕЛ продалa 12 акции, со што нејзиниот вкупен удел во капиталот на компанијата сега изнесува 16.379 акции, односно 6,32% од вкупниот број издадени акции.
Оваа продажба следува само една недела по претходна трансакција. Просечната цена по која се тргуваат акциите на Реплек изнесува 15.381,39 денари.