Нова промотивна понуда од Оne, 3 месеци без претплата

45

one1Уште една новина од телекомуникацискиот оператор Оne – нова промоција 3 месеци без претплата.

Сите резидентни и бизнис корисници кои од 25 април ќе активираат нова услуга, но и постоечки корисници кои ќе обноват договор на 24 месеци ќе ја искористат актуелната промоција 3 месеци без претплата.

“Конвергентноста на услугите кои ги нудиме ја сметаме за наша огромна предност, дотолку повеќе што крајниот бенефит од тоа го имаат нашите корисници. Секогаш сме подготвени да им го понудиме најдоброто на нашите корисници, а истовремено, со атрактивните и најконкурентни понуди и промоции, каква што е и оваа, да привлечеме нови корисници во мрежата на Оne. Промоцијата 3 месеци без претплата е вистинско пролетно освежување на буџетот на корисници на телекомуникациски услуги без оглед на тоа која услуга на Оne ја користат или ќе одлучат да ја користат во наредните 24 месеци”, изјави Виктор Доневски, Главен маркетинг директор на Оne.

Промоцијата 3 месеци без претплата е достапна за нови корисници на мобилна линија, мобилен интернет, фиксна телефонија или интернет, но и за оние корисници кои ќе се одлучат за некој од пакетите на услуги кои вклучуваат: фиксна телефонија, интернет и телевизија.

Промоцијата е достапна и за постоечките корисници на некоја од пост-пејд услугите на Оne кои својата услуга ќе ја спојат во некој од пакетите со фиксна телефонија, интернет и телевизија.

Од Оne напоменуват дека понудата е промотивна и важи ограничен временски период.