Нова туристичка понуда во Хрватска – возење со тенк

60

tenk

Хрватска наскоро во својата туристичка понуда треба да додаде возење со тенк. Идејата е на Здружението на тенкисти од Задар, кое деновиве треба да регистрира здружение што ќе се занимава со оваа дејност, пишува Задарски лист.

Здружението на тенкисти делува на ниво на цела Хрватска и е едно од многуте здруженија на бранители, но за разлика од останатите, нејзините членови сакаат да се занимаваат со претприемништво. На тој начин, сметаат од Здружението, ќе се вработат дел од бранителите и ќе остваруваат приход.

Од Здружанието ќе се обидат да дојдат до расходувани тенкови на Хрватската војска или ќе се обидат да ги набават од странство, ќе изградат неколку полигони и останати содржини. Седиштето би било во Загреб, а полигони за тенкови би се направиле на неколку локации во Хрватска.

Целта на проектот е да развијат т.н. воен туризам, да привлечат странски туристи, но и домашни, кои би можеле во овие воени кампови да доаѓаат и за викенди.