Нова услуга на ОНЕ во соработка со Sun Wireless: Отсега, домашниот интернет и надвор од дома

43

ОНЕ во соработка со Sun Wireless лансира нова услуга со која на корисниците на резидентниот (домашен) интернет и мобилната телефонија на ОНЕ им овозможува пристап до интернет преку Wi Fi мрежата на Sun Wireless.

Услугата нуди единствени поволности. Корисниците на ОНЕ резидентен интернет за интернет сообраќај остварен преку мрежата на Sun Wireless се тарифираат исто како сообраќајот да е остварен преку фиксната интернет линија на корисникот, согласно тарифниот модел кој го користи. Пристапувањето во мрежата на Sun Wireless е брзо и едноставно за што корисникот го користи истото корисничко име и лозинка со кое се најавува на домашниот интернет на мрежата на ОНЕ. Дополнителна предност е што претплатникот може истовремено да користи фиксен интернет дома и Wi Fi пристап преку Sun Wireless со едно корисничко име и лозинка.

Корисниците на мобилната телефонија на ОНЕ пристапуваат во мрежата на Sun Wireless со пристапен код кој го добиваат со испраќање на СМС порака кон бројот (075) 146 614 и на тој начин имаат можност да искористат 1GB интернет сообраќај во период од 24 часа од активација на услугата.

“Наша цел е да ги направиме услугите на ОНЕ достапни насекаде и да им овозможиме дополнителни бенефиции на нашите корисници, од што и произлезе соработката со Sun Wireless. Придобивки од користењето на оваа услуга се, поголема достапност, Wi Fi интернет по цена на фиксен за корисниците на домашниот интернет на ОНЕ, но и едноставност при пристапување на интернет, за нив и за корисниците на мобилната телефонија на ОНЕ”, изјави Сашо Србаков, Менаџер за производи и иновации во ОНЕ.

Месечната претплата за пристап на Sun Wireless за корисниците на резидентниот интернет изнесува 99 денари (со ДДВ), а најавата со код за корисниците на мобилната телефонија на ОНЕ изнесува 29 денари (со ДДВ).

Sun Wireless е провајдер на безжичен интернет, ексклузивен провајдер на аеродромите на ТАВ, поголемите македонски хотели, ресторани, кафе-барови, студентски домови и други, над 400, хот – зони во поголемите градови низ земјата.