
По освојувањето на завршниот Мастерс во Торино, Новак Ѓоковиќ најави дека започнува нов бизнис – производство и продажба на неговиот спортски пијалок.
Според него, планот е се да започне на почетокот на следната сезона, од Австралија опен на почетокот на 2024 година.
– Можам да дадам и некоја мека најава за она што ќе го видите во Австралија. Таму ќе започнам нов бизнис кој ќе го промовирам за време на тамошниот турнир. Тоа е нов спортски пијалок, мојот напиток за хидратација, ќе почнам со тоа. Брендот ќе вклучува многу различни производи од областа на здравјето и благосостојбата и со нетрпение го очекувам тоа – изјави Новак.
На добро посетената прес-конференција по финалето, Новак зборуваше на различни теми и беше одлично расположен по неговиот историски успех и освоената рекордна седма титула на последниот Мастерс во сезоната.
Фото: Facebook