Новартис ќе инвестира 23,5 милиони евра во Лек

3

Farmacevtsko podjetje Lek, Sandoz

Швајцарскиот фармацевтски гигант Новартис, сопственик на словенечката фармацевтска компанија Лек, ќе инвестира дополнителни 23,5 милиони евра за проширување на центарот за пакување во Лендава на истокот на Словенија, пишува Финанце.

До сега Новартис во Словенија инвестирал преку 1,44 милијарди евра, од кои половина биле за развој, а половина за проширување и модернизација на производните капацитети.