Новата алатка на Google, Smart Compose, самостојно ќе креира мејлови

23

Фото: Google

На годишната конференција за програмери Google ја најави новата алатка на gmail наречена Smart Compose. Како што пишува The Verge ова е проширување на веќе постоечката функција Smart Reply, и со неа отсега на корисниците ќе им се предлагаат целосни реченици што со еден клик ќе може да се вметнат во текстот на електронската порака.

На овој начин Google на своите корисници им го олеснува пишувањето на електронските пораки, заштедувајќи им време, но и можност да се избегне испраќање на порака со граматички и правописни грешки.

Smart Compose исто така го препознава контекстот, со што ќе дава опции за вметнување на учтиви фрази  при затварањето на пораката. Оваа функција ќе почне да се појавува во текот на следните недели и во првите месеци ќе биде интегрирана за корисниците на G Suite.