Новата граѓанска обврзница достапна во сите филијали на Комерцијална банка

Во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје граѓаните може да ја купат новата граѓанска обврзница што ја издаде Министерството за финансии на 26.11.2025 година.

Согласно Проспектот на Министерството за финансии, овој државен финансиски инструмент ќе биде достапен за купување до 10.12.2025 година, до крајот на работниот ден.

За да учествуваат на аукција за граѓанската обврзница, граѓаните треба да потпишат барање, што ќе го добијат на шалтерите на Комерцијална банка, и да го уплатат предвидениот паричен износ преку својата платежна сметка.

Граѓанската обврзница е финансиски инструмент со рочност од две години, има купонска каматна стапка од 4,50 %, која се исплаќа секоја година на вложениот износ, а по истекот на рокот се враќа и вложената главнина.

Сите податоци за мрежата на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка АД Скопје, каде граѓаните можат да се обратат за повеќе информации, се достапни на  веб страницата на банката.