Новиот медиумски потфат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема познат приход или производ, но веќе вреди повеќе од 10 милијарди долари.
Trump Media & Technology Group работи на лансирање на апликација за социјални мрежи наречена Truth Social на почетокот на следната година,но таа мрежа сè уште не е лансирана.
Групацијата за медиуми и технологија Трамп (TMTG) објави презентација за инвеститорите минатата недела, која се чини дека содржи грешки и е делумно копирана од Интернет.
На пример, еден слајд го дефинира корисникот како „продажен претставник кој патува за да ги посети клиентите“, дефиниција што нема смисла со оглед на тоа што станува збор за медиумска фирма, a не продажна платформа. Новиот извршен директор на TMTG, републиканскиот конгресмен Девин Нунес, нема бизнис искуство во технологијата или социјалните медиуми. И федералните регулатори го истражуваат излегувањето на компанијата на берза. И покрај сè, TMTG генерира огромен интерес барем кај некои инвеститори и постигна имплицитна проценка од над 10 милијарди долари, според Renaissance Capital.
„Ова е чудно. Никогаш порано не сум видел нешто слично. И веројатно никогаш нема“, изјави за Си-Ен-Ен Метју Тутл, извршен директор на Tuttle Capital Management LLC.











