
Министерот за транспорт, Александар Николоски, објави дека летовите до Базел ќе бидат воспоставени од Охридскиот аеродром. Првото полетување на оваа релација ќе се случи во октомври.
“Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано”, истакна министерот.
Аеродромот познат како „Европскиот аеродром“, кој се наоѓа меѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург, е од исклучителна важност бидејќи се наоѓа на тромеѓето на три држави: Швајцарија, Германија и Франција. Оваа крстосница ќе привлече многу туристи и ќе го поедностави патувањето за нашите граѓани во дијаспората.
Компанијата WizzAir соопшти дека веќе е овозможено купување на авионски карти за новата авиолинија Охрид – Базел.
“Првиот лет на оваа линија, која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии, е закажан за 27 октомври”, напиша Николоски на Фејсбук.
Исто така, Николоски вчера извести дека од 31 октомври ќе биде воведена нова авиолинија од Скопје до Ларнака на Кипар. Во интервју за МИА, по склучувањето на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, Николоски спомена дека се водат разговори и со „Рајанер“ за нивно влегување на македонскиот пазар.











