Новата шопинг алатка на eBay користи вештачка интелигенција за полесно пронаоѓање на производи

23

Фото: eBay

Популарната платформа за онлајн шопинг, eBay претстави нова алатка којашто со помош на вештачка интелигенција им овозможува на корисниците полесно да го најдат саканиот производ.

Доколку нешто ви се допадне од каталогот, треба само да ги одберете трите точки на десниот горен агол и ќе се отвори листа со слични производи.

Благодарение на компјутерска визија, корисниците можат полесно да го најдат тоа што им се допаѓа, а во случај да сакаат да ги зголемат своите опции одбираат “looks like this”.

Преку комбинација на слики и зборови може поефикасно да се пребарува на eBay, односно да се најдат артикли што претходно не знаеле како да ги опишат.

Засега, алатката е достапна за iOS и Android оперативни системи, само во САД, Велика Британија, Австралија и Германија.