Американскиот дизајнер Том Форд го претстави својот најнов моден додадок за сите модерни дами.
Секоја жена која носи таканаречена плик чанта добро знае дека во неа секогаш недостасува простор, понекогаш и за обичен кармин. Токму тоа го инспирираше дизајнерот да креира нешто ново.
Така ја созададе уникатната чанта Lipstick Minaudiere која е дел од неговата пролетна колекција. Плик чантата во себе содржи специјален држач за кармин, направена е до плексиглас и може да се нарача во сребрена, златна или шарена верзија.
Торбичката има и ременче во облик на златно ланче, што овозможува истата да се носи на рамо и во рака.
Внатрешноста на чантата е направена од кожа и има доволно простор за сите потребни работи што една модерна жена треба да ги понесе со себе, телефон, паричник, дел од козметиката, шминката и слично.
Со секоја купена чанта добивате и кармин Vanilla Suede, со природни состојки како екстракт од соино семе, бразилски путер и масло од камилица.
Цената на оваа луксузна чанта е 4.000 долари.