Нови 7700 садници обезбедени за пошумување од страна Халкбанк и учесниците на HalkVeloGreen

20

Вчера во околината на Свети Николе вработените од Халкбанк и Македонски Шуми заедно со група ученици од гимназијата Kочо Рацин во Свети Николе ја започнаа акцијата за пошумување со  нови 7700 садници. Овие дрвца се обезбедени од средствата наменети за HalkEco пошумување од страна на Халкбанк, но и од собраните котизации од велосипедската трка Halk Velo Green која се оддржа на 8 септември во Маврово.

Ова е втора акција на пошумување во Светиниколско од страна на Халкбанк. На ова поле преку акциите на HalkEco за една година засадени сe вкупно над 15.000 садници.

Халкбанк е една од компаниите кои перманентно вложуваат во заштита на животната средина, како во зазеленување на земјава со нови дрвја, така и во организирање и давање поддршка на низа други активности кои се во насока на негување здрави животни навики и заштита на природата. Со таа цел Банката пред две години ја покрена зелената HalkEco платформа која ги поттикнува и луѓето да практикуваат здрав животен стил и со своите физички активности да придонесат за засадување нови дрвја од страна на Халкбанк. Од стартот на платформата досега Халкбанк има донирано над 33.000 садници.

„Нашата банка со особено внимание, труд и задоволство се вклучува во општествено одговорни практики кои имаат за цел да го подобрат заедничкиот живот во нашата средина. Но, за да постигнеме подобри и повидливи резултати, нашиот фокус го ставаме на две важни полиња на делување. Тоа се заштитата и унапредувањето на животната средина преку HalkEco, но и кревањето на свеста за екологијата, инклузијата, литературата и финансиската писменост кај дечињтата преку платформата на Халки. Со сконцентрирано, посветено и стратешко работење во двете сфери, правиме и поголеми резултати за општеството. Со овој пристап настојуваме да бидеме пример за општествено одговорно однесување и верувам дека тоа првенствено го чуствуваат самите граѓани, а се препознава и како поттик за дејствување од страна на други компании. Иднината зависи од сите нас. Следејќи ги  политиките за одржлив развој и целите за подобро заедничко општество, сите придонесуваме во креација на подоброто утре“ вели Маја Наумовска Савеска, директор за корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Преку HalkEco, освен зазаленување на јавни површини, се реализираа и низа други активности  како реконструкција на 19 мостови во Градскиот Парк во Скопје, поставување еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструкција на пешачкиот мост и донација на корпи во Крушево, уредување на Халк Корнер во ТЦ Лептокарија, уредување на Халк Корнер во Гостивар, донирање на ХалкЕко инклузивно игралиште во основно училиште, ХалкЕко Скопје трча, но и две големи ХалкВелоГрин трки во Маврово.

Халкбанк активно инвестира во подобрување на еколошката средина за сегашните и за идните генерации. Во глобални рамки, компанијата е дел и од коалицијата „Priceless planet“ заедно со Mastercard, чија цел е да се засадат 100 милиони дрва низ светот во следните 5 години.