Нови цени на горивата – Дизелот од полноќ повторно поскапува

106

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 97,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 94,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,024 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, изнесува 51,252 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.10.2022 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит.