Нови цени на горивата – дизелот поевтинува за 2,50 денари

140

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.06.2022 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува
53,305 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.06.2022 година и со тоа година малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 106,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит.