Нови директори на две брокерски куќи

92

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 65-тата седница, даде согласност Јован Дојчиновски да биде именуван за извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје. Со наименување на Дојчиновски, се пополнува второто испразнето место на Извршен директор во друштвото. Мандатот на Јован Дојчиновски трае до ноември 2013 година. Со овој чин, Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје ги исполни условите утврдени во Законот за инвестициски фондови според кои двајца извршни членови на одборот на директори на друштвото за управување треба да се во постојан работен однос и да го застапуваат и претставуваат друштвото во односите со трети лица.
Исто така, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Сашо Дракуловски да биде директор на брокерската куќа Еурохаус АД Скопје во наредните четири години. Овој кандидат и досега беше на челната позиција во Еурохаус АД Скопје.
На седницата што се одржа денеска, КХВ обнови три дозволи за работење на брокер од кои: две на лица вработени во Комерцијална Банка АД Скопје – Дирекција за вршење на услуги со хартии од вредност и една на лице вработено во Централна кооперативна банка АД Скопје-Служба за работа со хартии од вредност.