Познатиот супермодел Миранда Кер, која е заштитно лице на Magnum, ги претстави новите два вкуса, Magnum Pink со вкус на малина и крцкаво млечно чоколадо и Magnum Black со направен од еспресо, ванила крем и црна чоколада.
Брендот што стои зад вкусните сладоледи е познат по соработките со други брендови. Минатата година тие претставија еден специјален вкус во соработка со реномираната модна куќа Dolce & Gabbana, како и едно издание заедно со луксузната стоковна Selfridges.
Magnum најави и соработка со модниот магнат BCBG Max Azria, којшто ќе дизајнира и креира шал со мирис на чоколада.