Нови летови за Базел и Лондон од охридскиот аеродром во текот на летото

56

ohridski aerodrom

Во текот на летната сезона на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле се воведуваат нови летови за Базел и Лондон.

“Откога ТАВ раководи со двата аеродрома во Република Македонија, имаме големо зголемување на бројот на патници и на авиооперации. За пет години растот изнесува 75%, што на крајот доведе до тоа минатата година да ја натфрлиме бројката од милион патници. Во моментов од скопскиот аеродром опслужуваме 26 европски дестинации и една интерконтинентална линија до Дубаи, а од јуни и јули се воведуваат и нови линии“, рече Зоран Крствески, директор на ТАВ Македонија.

Од Скопје по двапати во неделата се лета за Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрисхафен, а во јуни и јули скопскиот аеродром ќе добие нови авионски врски со европските центри.

Во летниот ред на летање, кој важи до 24-ти октомври 2015-та година, операторите на располагање ги имаат следните дестинации: Барселона, Базел, Белград, Брисел, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Дубаи, Ајндховен, Франкфурт, Фридрисхафен, Женева, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Љубљана, Лондон, Малме, Милано, Минхен, Нирнберг, Осло, Париз, Рим, Сплит, Стокхолм, Венеција, Виена, Загреб и Цирих.