
Францускиот луксузен бренд Chanel лансираше нова палета на производи за нега на тело, базирани на популарниот парфем No. 5. Станува збор за пенлива купка, крема за чистење и сапун за туширање.
Пенливата купка е со цена од 47 евра за 200ml, кремата за чистење, која може да се употребува за време на туширање или во када, чини 44 евра за 200ml, додека сапунот (150 грама) може да се купи за 25 евра.
За прв пат пуштен во употреба во 1921 од Габриел Коко Шанел, познатиот мирис на парфемот Chanel No. 5, веќе може да се почувствува во различни производи за нега на тело, вклучувајќи лосион, млеко за тело, и дезодоранс.
Исто така, Chanel нуди и специјална лимитирана серија на ароматично масло за туширање (Intense Bath Oil) со мирис на познатата No. 5 формула, по цена од 75 евра за 250 ml.