
Цените на недвижностите во главниот град во вториот квартал од годинава забележаа нагорен тренд на квартално ниво, иако годишниот раст продолжува да забавува.
Индексот на цени на станови, којшто се однесува единствено на територијата на градот Скопје и се пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови, во вториот квартал од 2026 година бележи раст.
Според најновите податоци на Народната банка на квартална основа, цените на недвижностите забележаа раст од 5,5%, а годишниот раст и натаму забавува и изнесува 13,3%, наспроти 16,6% во претходниот квартал.











