
Според податоците на Државниот завод за статистика цените во земјоделството во јули 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 4.1 % кај инпутот, а намалени за 5.5 % кај аутпутот . Цените во земјоделството во јули 2026 година, споредени со цените во јули 2025 година, бележат зголемување кај инпутот, а намалување кај аутпутот.
Во делот инпут, во јули 2026 година, во споредба со јули 2025 година, кај цените на
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за
3.7 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 8.9 %.
Во делот аутпут, во јули 2026 година, во споредба со јули 2025 година, цените на растителното производство се намалени за 6.8 %, а цените на добиточното производство се намалени за 0.2 %.
Кај цените во земјоделството во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, се бележи следнава динамика:
- пониски се за 6.8 % кај растителното производство и
- за 0.2 % кај добиточното производство
во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот
- повисоки се за 3.7 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
- за 8.9 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството.











