Нови прописи на ЕУ против перење пари: плаќањата во готовина се ограничени на 10.000 евра

Европската унија одлучи да го ограничи плаќањето во готовина на 10.000 евра заради борба против перење пари, а оваа одлука ќе важи од 2027 година. Исклучоци постојат за физички лица.

Овој исклучок се однесува на продажба помеѓу физички лица. На пример, ако купите автомобил од сосед, можете да го платите во неограничен износ на готовина, освен ако соседот има компанија која продава автомобили.

Германија е меѓу земјите кои во моментов немаат ограничување за готовински плаќања. Секој што сака да плати повеќе од 10.000 евра во кеш мора да се легитимира и да докаже од каде ги добил парите. Продавачот е должен да ги евидентира и зачува овие податоци.

Новите регулативи на ЕУ им даваат на националните институции поголеми овластувања во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Покрај тоа, банките, казината, продавачите на луксузни стоки и давателите на крипто средства ќе мора да ги проверат своите клиенти и да пријават сомнителни трансакции.