Новиот Airbus ќе биде четири пати побрз од звукот?

28

Airbus-hypersonic-jet-600x334Францускиот производител на авиони Airbus поднесе патент за ултра брз џет којшто ќе може да лета четири ипол пати побрзо од брзината на звукот.

Авионот би можел да стигне од Лондон до Њујорк за само еден час, што е три пати побрзо од Конкордот, суперсоничниот џет дело на претходниците на Airbus, француската компанија Aerospatiale и британската Aerospace.

Леталото се очекува да работи на водород во различни агрегатни состојби. Според замислата, авионот ќе го придвижуваат три типови на мотори, а ќе достигнува брзина од 4.800 километри на час. Откако ќе ја напушти пистата тој би се издигнал вертикално со моќта на ракетен мотор којшто ќе го однесе во висина од 30.500 метри.

Истиот потоа ќе се исклучи, а движењето ќе продолжи со специјални мотори монтирани на крилата со кои ќе постигне брзина за четири ипол пати поголема од онаа на звукот.

Сега за сега оваа идеја е невозможно да стане реалност, но технолгијата применета на овој ултра брз авион може да си го најде своето место во други проекти на Airbus.