Новиот директор на Twitter започна со реорганизација

45

Параг Агравал ги заменува водечките инженери и се занимава со дизајнот во својата прва недела како извршен директор.

По неодамнешното заминување на основачот Џек Дорси, новиот извршен директор на Twitter, Параг Агравал, не губи време да ја размрда компанијата. Агравал најави „голема реорганизација на компанијата“ и се чини тоа вклучува оставка на Мајкл Монтано и Дентли Дејвис, кои беа раководители на инженерство и дизајн, според извештајот на „Вашингтон пост“.

Во меѓувреме, Дејвис објави на Twitter: „За мене, тоа беше врв во изминатите две години на Twitter. Благодарност до сите што го направија ова посебно. Тоа значеше повеќе отколку што зборовите можат да опишат“.

Според информациите добиени во мејлот кој пристигнал за целата компанија, пишува дека Монтано и Дејвис ќе го напуштат Twitter до крајот на годината (во суштина овој месец).

Исто така, беше навестено дека реорганизацијата првенствено влијае на одделите за потрошувачи, приходи и основни технологии на компанијата, кои ќе бидат предводени од Кајвон Бејкпур, Брус Фалк и Ник Колдвел.

Овој тек на настаните се чини дека се рефлектира во серија твитови на сметката за односи со инвеститорите на Twitter за време на вчерашната финансиска конференција на Bank of America Securities 2021 година.

Конкретно, тимот на Twitter вели: „Можеме да се движиме побрзо и да се претставиме подобро. Ќе се фокусираме на истите цели, истите метрики и истата работа. Но, ние веруваме дека Параг може да ни помогне да носиме одлуки побрзо и да бидеме појасни во донесувањето одлуки“.