Новиот Ford Mustang доаѓа побргу отколку што очекувавме?

62

Новиот Ford Mustang S650 би можел да го има своето деби на северноамериканскиот меѓународен саем за автомобили во Детроит во 2022 година. Годинава саемот ќе се одржи од 17 до 25 септември. Последниот саем се одржа пред пандемијата на коронавирус во 2019 година.

Мустангот ја започна својата долга историја на 17 април 1964 година, кога беше претставено неговото прво возило. Затоа, се мислеше и дека седмата генерација на Ford ќе ја има својата премиера на 59-годишнината од автомобилот – 2023 година.

Сепак, Automotive News има други информации. „Лице запознаено со плановите на Ford“ известува дека најновиот Mustang ќе биде претставен во септември во американската автомобилска мека – Детроит.

Најновата верзија на Mustang треба да ги преземе верзиите на моторот од неговиот претходник. Тоа значи дека покрај моторите со четири и шест цилиндри, постои можност – на задоволство на љубителите на автомобили – да го задржи и V8 моторот.

Се шпекулира и за хибридна верзија на Mustang, а првите изјави на Ford за новата генерација сугерираат дека ќе остане опцијата со мануелен менувач.