Новиот iPhone ќе биде претставен на 14 септември

111

Apple Inc. за 14 септември, го најави настанот наречен California Streaming каде се очекува да ја претстави својата најнова линија уреди.

Од 2013 година, Apple претставува нови модели на iPhone секој септември. Минатата година, претставувањето беше одложено за октомври поради одложувањата во производството што се припишуваат на пандемијата.

Како и минатата година, презентацијата на Apple ќе се емитува преку Интернет и ќе отстапува од традицијата на претставување нови производи пред новинари, пренесува The Wall Street Journal.

Годишното претставување на телефонот обично носи скок во продажбата. Кога минатогодишните нови модели беа одложени за октомври поради пандемијата, приходите на iPhone се намалија за 21 отсто во однос на претходната година.