Вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс сега поседува уште еден луксузен имот. Новиот дом прилично се разликува од неговата ултра модерна хај-тек куќа во Сиетл, која е сместена на површина од пет акри, близу езерото Вашингтон, а самото здание се простира на површина од 50.050 метри квадратни.
Новиот дом кој е изграден во медитерански стил се наоѓа во Велингтон, Флорида и чини 8,7 милиони долари. Изграден во 2010, имотот има 4 спални соби, 4 бањи и меѓу другото и простор наменет за коњички спортови.