Новиот мебел на Ikea се составува без алат за неколку минути

52

ikea

Фото: Ikea

Шведската компанија за производство на мебел, Ikea разви посебна спојка (wedge dowel) што овозможува деловите од мебелот да се состават без користење на алат за само неколку минути. Ребрастата спојка едноставно се “лизга“ во претходно издупчените дупки на мебелот и не е потребен алат за да се состават елементите, пишува Inhabitat.

Џеспер Бродин, менаџер во Ikea, вели дека за составување на овој мебел не е потребен алат, а одзема само неколку минути.

“За составување на маса претходно беа потребни околу 24 минути за да се состави, а сега е готова за три минути“, вели Бродин.

Овој вид на спој првпат е користен во изработка на шкафови во 2014 година, а неговата практичност и квалитет беа причина Iкеа да продолжи да го користи и усовршува овој систем.